AMD Strela

 

Со одлука на Владата во Струмица ќе се гради пливачки базен

Со одлука на Владата во Струмица ќе се гради пливачки базен
Објавено на: 09 Apr 2019

Владата на РСМ на својата 129 седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, со што е одобрено отпочнување на постапка за склучување Договор за повеќегодишна јавна набавка за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, а средствата потребни за оваа намена во тековната 2019 година во вкупен износ од 30.000.000,00 денари да се вклопат во рамки на расположливиот Буџет на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година.

 Дополнително, со заклучок на Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните 3 години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година, а на општинитe Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK