AMD Strela

 

ДУНА одбележува четвртина век во Македонија

ДУНА одбележува четвртина век во Македонија
Објавено на: 10 Apr 2019

Оваа година Дуна слави четвртина век постоење. Почнувајќи од 1994 година, постојано носи новитети на пазарот, од првото интернет кафе на Балканот,  до нудејќи комплетно паметни, ИОТ решенија за различни типови на компании и институции. 

Иако тука сме 25 години, сеуште не прифаќаме да влеземе во комфорт зоната. Познати сме по тоа што прифаќаме различни предизвици, нудејќи диверзитетно портфолио на производи и услуги и секогаш спремни да развиеме комплетно ново, иновативно решение користејќи различни технологии. 

Сакаме да го обележиме нашиот јубилеј, и за тоа во наредниот период планираме нови општествено одговорни проекти, вработувања, новини и попусти. Но полнењето 25 години за нас не е крајното достигнување, и затоа не сакаме да креваме премногу бука, бидејќи целиме да има уште пред нас. Не застануваме со учење на новини, прифаќање глобални трендови, и развивање. Дуна како компанија моментално се чувствува како што и основачите се чувствуваа на слична возраст, пред 25 години: Млади, но зрели, полни со енергија и гладни за повеќе, храбри да прифатат секакви предизвици.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK