AMD Strela

 

СОФ СТРУМИЦА:Од 11 до 13 јуни STREET BASKET 2019

СОФ СТРУМИЦА:Од 11 до 13 јуни STREET BASKET 2019
Објавено на: 11 Apr 2019

Тридневниот кошаркарски турнир ќе го забрза #ритамотнаградот на #соф2019! Спортскиот месец јуни ќе донесе многу музика, дружење, урбана забава и бројни награди за натпреварувачите и публиката.

Најуспешните три екипи ќе добијат награди во вредност од 6.000 (трето место), 12.000 (второ место) и 18.000 денари (прво место). За најкорисниот играч следува парична награда во вредност од 3.000 денари (MVP).
  

Учество на турнирот може да земат сите рекреативци и љубители на кошарката. Пријавувањето е во тек и ќе трае додека не биде исполнета бројката од 16 екипи. Екипите треба да се состојат од 3+1 играчи, а за учество се плаќа котизација во вредност од 1000 денари. Со секоја платена котизација се добива дрес.

На 11 јуни атмосферата ќе ја загрева DJ Tom. На 12 јуни ритамот ќе го одржува DJ Kiskinov. Специјални музички гости на финалето на 13 јуни ќе бидат DJ Popeye & Divizija.

Контакт за пријавување на екипите и дополнителни информации: 
Столе Христов – 070 347 416

  

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK