AMD Strela

 

Даскаловски повика на митинг за поддршка на Стево Пендаровски

Даскаловски повика на митинг за поддршка на Стево Пендаровски
Објавено на: 12 Apr 2019

Интегрален текст од прес конференцијата на претседателот на ОО СДСМ Струмица, Марјан Даскаловски

Патот кон новата страница на нашата земја тргна од тука, од нашата Струмица, лулката на демократијата во режимот на Груевски и неговите пајташи. Цели 11 години се спротивставуваме на мрачните сили и црните сценарија кои земјата ја влечеа назад и успеавме. Заедно успеавме. Срушивме режим, ги вративме слободата и демократијата, зачекоривме по вистинскиот пат, по патот кон НАТО и Европската Унија со единствена цел, подобар живот за сите нас.

 Успеа концептот на НАТО и ЕУ интегрциите, успеаја заложбите и политиките предводени од нашиот премиер и претседател, Зоран Заев, покажавме и докажавме дека на Република Северна Македонија местото и е меѓу прогресивните европски народи.

 Затоа, сега не ни преостанува ништо друго, освен да го потврдиме завршувањето на веќе почнатиот пат, патот кон НАТО и ЕУ, пат кој е иднината за нашата држава, иднина за сите нас. А тоа ќе го направиме со поддршката и победата  на нашиот претседателски кандидат Стево Пендаровски.

Победа, која целосно ќе ни ги отвори портите на НАТО и ЕУ, порти во кои Македонија ќе биде просперитетно, демократско и интегрирано општество, за разлика од концептот кој води во изолација и поништување на се што е постигнато во изминативе две години, а на што ние од СДСМ сме посебно горди.

 Затоа, Ве повикувам на 13 април, сабота, во 20,30 часот да излеземе на митингот на плоштадот „Гоце Делчев“ и да му ја дадеме поддршката на нашиот Стево, а на 21 април и нашиот глас.

 Гласот за Стево е глас за сигурен напредок, обединување и помирување, заедничка безбедна иднина и побрз развој на патот кон ЕУ и НАТО.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK