AMD Strela

 

Аеробик на отворено на Струмица Опен Фестивал

Аеробик на отворено на Струмица Опен Фестивал
Објавено на: 13 Apr 2019

„Аеробик со Елена“ ќе има свое учество на осмото издание на фестивалот со уникатни тренинзи на отворено на 17, 19 и 21 јуни во градскиот парк. Недела на аеробикот на #соф2019!

„Со концептот за настанот „Вежбаме во парк“ сакаме преку забава да ставиме акцент на важноста и потребата од физичка активност. Сметаме дека аеробикот е најсоодветна дисциплина за да го постигнеме саканиот ефект бидејќи ги спојува отвореното небо, забавниот ритам и активноста на мускулите. Три вечери забавно вежбање за сите возрасти!“, велат од Културен забавен живот. 

Аеробикот има низа позитивни влијанија и тоа: го намалува стресот, го подобрува метаболизмот, го намалува срцевиот пулс во мирување, придонесува за здрав кардиоваскуларен систем и го редуцира подкожното масно ткиво.

Тренинзите ќе бидат со почеток од 19:00 часот, надополнети со специјална плејлиста од #ритамотнасоф.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK