AMD Strela

 

На исчистените диви депонии „Комуналец“ постави табли за забрането фрлање отпад

На исчистените диви депонии „Комуналец“ постави табли за забрането фрлање отпад
Објавено на: 13 Apr 2019

Во рамки на акцијата „Еко Фронт“ во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“, со која беше опфатено генерално чистење на диви депонии во повеќе населени места, денес се поставија табли со натпис: Согласно член 4 од Закон за јавна чистота, ЗАБРАНЕТО е фрлање комунален отпад…

Надлежните комунални инспекциски служби согласно законските одредби континуирано преземаат соодветни мерки во согласност со нивните овластувања и надлежности, каде досега се  затекнати прекршители кои вршеле фрлање и запалување на отпад, по што против истите се изречени 8 прекршочни санкции со издавање на мандатен платен налог и 1 санкција со издавање на прекршочен патен налог.

Општина Струмица и ЈПКД  „Комуналец“  апелираат до граѓаните правилно да го одлагаат својот отпад, да не создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK