AMD Strela

 

Изјава на на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев по гласањето во Струмица

Изјава на на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев по гласањето во Струмица
Објавено на: 05 May 2019

Денеска бираме Претседател на државата наша, на земјата наша, на Република Северна Македонија. Тоа е многу важна функција, функција којашто е првиот репрезент на државата, надвор, но и репрезент, внатре, нашиот Врховен командант на нашата Армија.

Денеска, е прво најважно да успеат изборите, да имаме успешен избор на претседател на земјата наша. Истовремено од одлуката ќе зависи во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата наша.

Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред да бидеме рамо до рамо со современиот западен развиен свет.

Сега очекувам да после изборите продолжиме со проектите, да продолжиме со процесите, да продолжиме со развојот, да продолжиме со унапредување со квалитетот на животот на нашите граѓани.

Се надевам дека изборите ќе бидат успешни и се надевам дека ќе се движиме напред, заедно како што не личи.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK