AMD Strela

 

Даскаловски:Струмица избра иднина заедно со претседателот Стево Пендаровски

Даскаловски:Струмица избра иднина заедно со претседателот Стево Пендаровски
Објавено на: 07 May 2019

Интегрален текст од обраќањето на  Марјан Даскаловски, шеф на Изборен штаб Струмица и претседател на ОО СДСМ Струмица

Почитувани граѓани,

Уште еднаш како и пред две недели докажавме дека нашата Струмица знае да избере, знае да победува и со освоените три илјади гласови повеќе од нашиот политички противник повторно покажуваме дека ние сме гласот на промените и изборот за нас беше јасен-Стево Пендаровски е претседател на Република Северна Македонија. Му честитам од името на граѓаните на Струмица, кои гласаа за него, им благодарам што повторно не се колебаа и гласаа заедно да одиме напред.

 Им благодарам и на сите што излегоа на гласање и гласаа според сопствено убедување. Сите заедно уште еднаш потврдивме дека демократскиот, чистиот и мирен изборен процес во општина Струмица се должи на високата свест на граѓаните за сериозноста на мигот во кој се наоѓаме и дека сепак продолжуваме според мнозинската волја на граѓаните, кои одлучија нашата земја да оди заедно напред со новиот претседател, Стево Пендаровски.

 Струмица останува на браникот на прогресот. Граѓаните тоа го потврдија во двата изборни кругови на 21 април и 5 мај. Но, тоа не треба да значи дека сега треба да заспиеме на ловоровиот венец на победата. Сега треба уште повеќе ангажман, уште повеќе енергија и сила да продолжиме напред и секојдневно да ги потврдуваме нашите заложби за просперитетна Република Северна Македонија, членка на НАТО и ЕУ.

Уште еднаш ви честитам на правилниот избор и ви благодарам што го искористивте вашето демократско право на глас.

Нашата Струмица избра! Избра иднина заедно со претседателот Стево Пендаровски.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK