AMD Strela

 

Се одржа работилницата "Откријте го Вашиот потенцијал" под покровителство на River Soft

Се одржа работилницата
Објавено на: 07 May 2019

-Бизнисот бара постојани иновации нови идејни решенија и врз основа на тоа сметаме дека вечерва имаа што да слушнат нашите бизнисмени,рече сопственикот „Riber soft“, Тони Костов на отворањето на работилницата "Откријте го Вашиот потенцијал" што се одржа во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, на која присуствуваа стотина претприемачи, менаџери и сопственици.

Во своето обраќање Костов пред присутните истакна дека најважно е да се инвестира во чевечкиот потенцјал.

-Јас имам една девиза која ја застапувам во мојата компанија и врз база на тоа нашата компанија расте. Сметам дека најголемиот капитал на нашата компанија се нашите вработени.Може да имаме залихи на стока и се останато, но ако немаме квалитетни наши вработени, кои квалитетно ќе ги услужат нашите клиенти, квалитетно ќе ги задоволат побарувањата на нашите клиенти-тоа значи дека можеме да имаме негативен фидбек и ќе си вратиме со лош бумеранг кон нас. Затоа, премногу вложуваме во нашите вработени и сметаме дека клучот на успехот секој бизнисмен во Мкедонија да сфати дека вработените се тие кои што се потстрек за  една успешна компанија и да не се срамат да вложуваат во вработените-и во обуки, и во нивна лина надградба, па и во финансиска стимулација и мотивација на самите вработени, истакна Тони Костов, сопствениk на „River soft“, која е покровотител на работилницата.

Пред присутните зборуваше Александар Кочовски, консултант и тренер за личен и организациски развој, кој има соработувано со преку 40 компании од Македонија.

На прустните им се обрати и сопругата на сопственикот на „River soft“, Данче Костова, која ја истакна поддршката што ја споделува со својот сопруг.

 

 

 

На крајот Костов објави дека на 1 јуни во Штип ќе отвори џамбо салон, а ја најави и следната инвестиција со отворање на салон во Кочани, каде се обезбедени продавниците и персоналот.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK