AMD Strela

 

Џио Струмица на чекор до ново финале за шампионската титула

Џио Струмица на чекор до ново финале за шампионската титула
Објавено на: 08 May 2019

Одбојкарите на актуелниот шампион и освојувач на купот се на чекор до ново финале за освојување на шампионската титула во одбојкарското првенство. Вечерва во Струмица, во салата „Парк“ момчињата на Кире Ричлиев забележаа победа од 3:1  против Вардар од Скопје, по сетови 25:16, 25:22, 22:25 и 25:23.

Наредниот полуфинален натпревар струмичани го играат в сабота во Скопје и доколку забележат победа ќе играат во финалето од плеј офот. Во случај да бидат поразени шанса за поправен ќе имаат во третиот меч, кој би го играле на домашен терен.

 

Aster Fest Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK