AMD Strela

 

Се одржа квизот „Весел детски семафор“

Се одржа квизот „Весел детски семафор“
Објавено на: 10 May 2019

Во големата сала на домот на Арм, денеска, се одржа квизот „Весел детски Семафор“ во кој што учествуваа дечињата од пет клонови на градинката „Детска радост“.

 

Во прекрасна и весела атмосфера во полна сала, дечињата ги потврдуваа своите знаења од областа на безбедноста во сообраќајот. Сите учесници во квизот покажаа висок степен на знаење, поради што сите беа прогласени за победници и добија исти награди.


Квизот се одржа во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а партнери во проектот беа градинката „Детска радост“, СВР - Струмица и општина Струмица.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK