AMD Strela

 

Генерално чистење на училишните дворови

Генерално чистење на училишните дворови
Објавено на: 30 May 2019

Работни единици од одделенијата “Чистота” и “Градско Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец” во рамки на заедничката акција со Општина Струмица „Еко Фронт“,а вклучувајки ги директно и учениците и наставниот кадар, продолжија со активности за генерално чистење на училишните дворови.

Акцијата продолжува и следната работна недела, а денес се чистеа дворовите на училиштата „Маршал Тито“ и „Никола Карев“.

Задоволни од интересот за вклучување во кампањата „Еко Фронт – Чиста да ни е“, од ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица го поздравуваат несебичниот придонес на граѓаните за подигање на општата еколошка свест.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK