AMD Strela

 

Во Струмица се одржа консултативна средба за „Едно општество и интеркултурализам“

Во Струмица се одржа консултативна средба за „Едно општество и интеркултурализам“
Објавено на: 30 May 2019

Во просториите на домот на АРМ, денеска, се одржа консултативна средба за потребата од изработка на Националната стратегија за развој на концептот Едно општество и интеркултурализам.

Градоначалникот Коста Јаневски поздравувајќи ги учесниците на средбата истакна дека Општина Струмица ја поддржува потребата од изработка на оваа стратегија.

-Република Северна Македонија е земја на различности, како на етнички, така и на верски и социјален план. Каква ни е земјата, таква е и нашата општина Струмица во која живеат граѓани со различна етничка, верска, социјална, политичка и друга припадност. Но колку и да сме различни, ние сме сите луѓе, ние сме сите еднакви чинители на заедницата во која живееме и во општеството кое го сочинуваме. Колку и да се разликуваме по нашите припадности и убедувања, сите сме еднакви пред Уставот и законот во нашава земја. Но, и покрај тоа, се уште се соочуваме со низа предрасуди, бариери и размислувања кои го негуваат стигматизмот и го поткрепуваат постоењето на оние оддамна изградени невидливи ѕидови меѓу нас. Време е да ги срушиме тие ѕидови, време е да се спротивставиме на таквите појави, време е да научиме повеќе едни за други и повеќе меѓусебно да се почитуваме. Правото на живот и сите други права кои треба да ги уживаме, се наши заеднички права. Колку побргу ќе ја разбереме неопходноста од еднаквост, толку побргу ќе ги согледаме позитивните ветришта и бенефити од нив, рече градоначалникот Јаневски.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK