AMD Strela

 

Пожар го затвори бугарскиот граничен премин Златарево кај Ново Село

Пожар го затвори бугарскиот граничен премин Златарево кај Ново Село
Објавено на: 06 Jun 2019

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради пожар што избувнал на бугарска страна, на самиот граничен премин, околу 16 часот (денеска 6.6.2019), затворен за сообраќај е граничниот премин Ново Село-Златарево.

Граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека истиот ќе може да се користи повторно. 

„Царинската управа на Република Северна Македонија информира дека поради пожар на граничниот премин Златарево - Република Бугарија, дојде до застој и прекин како на товарниот, така и на патничкиот сообраќај на граничниот премин Ново Село/Златарево. Поради настанатата ситуација, на овој граничен премин не се пропуштаат патнички и товарни моторни возила.

Според информациите кои ги добивме од бугарска страна, прекинот или забраната за товарен сообраќај ќе трае неколку дена, но поради сериозноста на настанот не се во можност да информираат поконкретно. По добивање официјален став од нивна страна, дополнително ќе информираме кога ќе биде пуштен патничкиот и товарниот сообраќај.

Им препорачуваме на сите граѓани кои патуваат кон Република Бугарија, да се пренасочуваат алтернативно на другите гранични премини се до оспособување за работа на граничниот премин Златарево – Република Бугарија, стои во инфрмацијата на Царинската управа на Република Северна Македонија“.

фото www.struma.com

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK