AMD Strela

 

Јаневски:СОФ ќе го забрза ритамот на градот

Јаневски:СОФ ќе го забрза ритамот на градот
Објавено на: 08 Jun 2019

Интегрален текст од обраќањето на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски на прес конференцијата пред почетокот на Струмица опен фестивал 2019

Верувам дека годинава СОФ ќе го забрза ритамот на градот и на свој веќе препознатлив начин ќе ги разубави летните ноќи на 13-те отворени локации во Струмица и околината. Особено задоволство ми претставува тоа што фестивалот бележи огромен раст на бројноста и квалитетот на настаните. Од фестивал со 7-дневна програма денес смет тука за да презентираме програма од тримесечно културно лето. Интернационалните гости, не само како дел од програмата, туку и како посетители кои ги полнат хотелските капацитети во месец август се вистински показател за растот на оваа манифестација во силен струмички бренд.

Општина Струмица и Советот на Општина Струмица продолжуваат со поддршка на фестивалот која и годинава изнесува 3 милиони денари со цел  Струмица ОПЕН Фестивал и во годините кои следуваат да го оддржува и надградува воспоставеното ниво на квалитет, преку организирање на поголеми и побројни настани и обезбедување на настап на уште попознати музички ѕвезди.

Малата музичка сцена кај Чешмичката ќе биде отворена на 9 август, петок со гостување на Игор Џамбазов & Гуру Харе, а локална поддршка ќе биде Јовче Пандев.

На 10 август вечер за вистинскиот македонски рок со безвременските хитови на АРЕА. Нивна локална поддршка ќе биде младиот авторски бенд Дактили.

Џез вечерта ќе се одржи на 11 август, а ќе настапат Летечки пекинезери и Дактили.

Наредниот ден, Камерниот оркестар на Битола ќе гостува со James Bond симфонија, а локална поддршка ќе им бидат Dismissed/Дисмисд.  

На 13 август ќе кулминира летната школа за гитара со уникатна гитарска симфонија на менторите Васко Пиличев и Дамјан Пејчиновски.

После подолго време во Струмица, на 14 август ќе се одржи вечер во чест на Тоше Проески. Неговите хитови ќе бидат отпеани од солистите Александра Јанева, Васил Гарванлиев и Марко Логаут.

На затворањето на малата сцена кај Чешмичката, на 15 август, градот ќе пулсира во ритамот на турнејата која споделува една љубов преку границите на Северна Македонија и Бугарија.

Кулминацијата на манифестацијата се очекува да се достигне за време на музичките концерт на големата музичка сцена на плоштадот „Гоце Делчев“. Во пеTigток на 16 август, фестивалскиот викенд ќе започне со настапите на Brass Brothers, Перо Христов со неговиот јубилеј - 50 години кариера, Јупитер и гости од Никад није касно и Жељко Самарџиќ. Во сабота на 17 август свои концерти ќе одржат Дарио, Бени и НОН СТОП и хрватската и балканска ѕвезда Северина. Спектакуларниот фестивал ќе заврши со 2Бона, Мирза Селимовиќ и Горан Бреговиќ со Бијело Дугме.

Се надевам дека концептот на струмичкото културно лето ќе ги оправда очекувањата и дека публиката ќе ужива во 30-те настани од понудената летна програма.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK