AMD Strela

 

Заврши меѓународната конференција за рамномерен регионален развој во Југоисточен регион

Заврши меѓународната конференција за рамномерен регионален развој во Југоисточен регион
Објавено на: 10 Jun 2019

На вториот ден од Меѓународната Конференција за рамномерен регионален развој во Југоисточен регион, во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се дебатираше за практики во областа на информатичко и комуникациските технологии, граѓанските организации и туризам. Истите дадоа свој придонес во регионалниот рамномерен развој каде преку презентации, панел и пленарни дискусии се споделуваа искуства и добри практики од особено значење за развојот на Југоисточниот регион.

Темите кои беа опфатени на Меѓународната Конференција учесниците ги следеа со голем интерес и активно учество каде двата денови присуствуваа околу 150 учесници од земјата и странство.

Конференцијата ја постигна целта со тоа што ваквиот настан ќе служи понатаму како пример за потенцијалот којшто го има Југоисточниот регион во поттикнување на рамномерен регионалнен развој. Овие два дена со Меѓународната Конференција организирана од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се постигна една меѓународна соработка и вмрежување на клучните чинители од регионот, земјата и странство со цел да придонесе кон регионалниот развој.

Оваа конференција се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ кој е финансиски поддржан од стрна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK