AMD Strela

 

Општина Струмица воспостави соработка со општина Берегово од Украина

Општина Струмица воспостави соработка со општина Берегово од Украина
Објавено на: 03 Jul 2019

Делегација од општина Струмица составена од градоначалникот Коста Јаневски,  претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и раководителот на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови, Ѓоко Ристовски, престојува во украинската општина Берегово, а на иницијатива на Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

Градоначалникот Јаневски и градоначалникот на општина Берегово, Золтан Бабијак, потпишаа Писмо со намери за воспоставување на соработка помеѓу двете општини. Тоа значи  воспоставување на поголема економска соработка помеѓу претпријатијата од двете општини, создавање на услови за вмрежување и соработка помеѓу малите и средни претпријатија, промоција на инвестиционите можности  на општина Струмица и поволностите за инвестирање во Струмица.

Берегово е општина која што граничи со две европски држави, Унгарија и Романија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK