AMD Strela

 

Во Радовиш се санираат штетите од вчерашното невреме

Во Радовиш се санираат штетите од вчерашното невреме
Објавено на: 05 Jul 2019

Вчерашното невреме кое го зафати Радовиш и населените места после 18.30 часот,  повторно предизвика големи материјални штети врз патната инфраструктура, земјоделските посеви и домовите.

Двочасовното невреме најмногу штети предизвика во градот и населените места Раклиш, Ораовица и Подареш. Од наносите и пороите кои се акумулираат од течението на атмосферските води беа поплавени пристапните патишта и локалните улици низ овие населени места.

Денес  екипите на јавното претпријатие и стручните служби на локалната самоуправа вршат проценка на настанатите штети и санација на дел од штетите предизвикани од поројните дождови и силниот ветар.

Од општина Радовиш бараат за разбирање од граѓаните за обемот на работа, истакнуваат дека ангажирана е комплетната механизација за расчистување на наносите од земја и отстранување на паднатите дрвја и гранки.

Текст и фото:

http://radovisnews.mk

Aster Fest Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK