AMD Strela

 

Вчера и денес три пожари во Ново Село, Николиќ и Миравци

Вчера и денес три пожари во Ново Село, Николиќ и Миравци
Објавено на: 07 Jul 2019

На 07.07.2019 во 04.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар во пилана во село Миравци. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица во Гевгелија. Во пожарот целосно изгорела опремата, машини за производство, како и кровната конструкција. Увид извршила екипа од СВР Струмица.

 На 06.07.2019 во 18.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Николиќ настанал  пожар при што горела сува трева и нискостеблеста шума. Во пожарот изгорела површина од 1,5 хектари. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Нов Дојран. Извршен бил увид на местото.

 На 07.07.2019 во 06.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа во Ново Село, чии сопственици биле на привремена работа во Швајцарија. Во пожарот бил зафатен дел од кровната конструкција. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица. Извршен бил увид.  

Извор:соопштение на СВР Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK