AMD Strela

 

СОФ 2019:Утре на плоштадот јубилејната „Трка на келнери“

СОФ 2019:Утре на плоштадот јубилејната „Трка на келнери“
Објавено на: 07 Jul 2019

Струмица ОПЕН фестивал ги продолжува настаните од јулската програма со јубилејот „10 години Трка на келнери“.

Вкупно 16 келнери и келнерки ќе се натпреваруваат за награден фонд од 39.000 денари. Меѓу пријавените се вработени од угостителските објекти: Вила Парк, Концепт, Кафе 19, Голд, Аквариус, Де Факто, Que Pasa, Boulevard и Paradiso.

Публиката ќе ја забавува Ангела Илиева која ќе го има својот прв настап во Струмица по освоеното второ место на шоуто „Ѕвезда број 1“. 

Покровители на Трката на келнери се Општина Струмица, Пивара Скопје, Прилепска Пиварница и Фротирка. 

Aster Fest Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK