AMD Strela

 

Доделени наградите на најдобрите филмови на „Астерфест“

Доделени наградите на најдобрите филмови на „Астерфест“
Објавено на: 28 Jul 2019

Официјалното стручно жири на 14-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ составено од Данчо Чеврески, Гинка Андреева, Андреј Кошак и Ед Годсел, одлучи да се доделат следниве награди:

• Златна потковица за македонскиот краток анимиран филм „Кружно патување на монахот“ на авторот Жарко Иванов


• Сребрена потковица за британскиот краток документарен филм „Последната бура“ на авторот Лајам Сент-Пјер
• Бронзена потковица за австрискиот краток игран филм „Доверба“ на авторката Јулијана Нојхубер
• Специјалната награда Старозлатен проектор за рускиот краток игран филм „Егзодус 20“ на авторката Јана Недзветскаја
• Наградата Ацо Алексов за најдобар автор за иранскиот краток анимиран филм „Човек-миленик“ на авторот Марзиех Абрарпајдар
• Наградата Ѓорги Абаџиев за најдобро сценарио за кинеско-американскиот краток анимиран филм „Еден мал чекор“ на авторите Боби Понтилас и Ендру Чесворт
• Специјално признание од жирито за македонскиот краток документарен филм „Водата“ на авторите Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш
• Специјално признание од жирито за белгискиот краток игран филм „Маркет Плејс“ на авторката Аник Кристијаенс

 

 

Фестивалот завршува утре со проекција на македонскиот филм„Хај фај“ во режија на Владимир Блажевски во кој настапува и лауреатот на годинашниов „Астерфест“, Данчо Чевревски и „Љубовта е се“ на Ким Лонгиното, која е добитничка на наградата „АСТЕР“ за исклучителни достигнувања во документарниот филм.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK