AMD Strela

 

Струмичани пријавиле најмногу проблеми од уличното осветлување во првите шест месеци од годината

Струмичани пријавиле најмногу проблеми од уличното осветлување во првите шест месеци од годината
Објавено на: 30 Jul 2019

Во првите шест месеци од годинава, преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ решени се 574 проблеми од вкупно доставените 693 пријави. Останатите 119 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во овој период се од областа на уличното осветлување 455, од областа на собирање смет 93, водовод и канализација 56, паркови и зеленило 60, општински инспекциски служби 14, и улици, патишта и тротоари 15.

Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните да продолжат да ги користат услугите на овој општински сервис и да ги пријавуваат своите проблеми на бесплатниот телефонски број 080014848, а општинските служби во најкус рок ќе ги решат.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK