AMD Strela

 

„Комуналец“ почна со доставување на 8.500 бесплатни корпи за отпад

„Комуналец“ почна со доставување на 8.500 бесплатни корпи за отпад
Објавено на: 31 Jul 2019

Од денес екипите на ЈПКД „Комуналец“ започнаа со распределба на корпи за комунален отпад со зелена боја и тоа за жителите на населените места Баница, Водоча и Вељуса. Со доделувањето на корпите за смет се очекува дека ќе исчезнат дивите депонии посебно во овој дел од општината. 

„Корпите“ се наменети исклучиво за индивидуалните домаќинства.Важно е да напоменеме дека корпите ќе се делат бесплатно и истите ќе бидат на товар на ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица,  а до граѓаните апелираме на домаќинско користење на корпите за отпад. Исто да напоменам дека секоја друга корпа за отпад, освен овие кои ќе бидат поделени, нема да се подигаат. Aцијата ќе продолжи во текот на цел месец август, каде ќе бидат поделени 8.500 корпи од 120 литра и ќе бидат офатени сите населени места, како и градот Струмица.“ изјави Бранко Горѓиев раководите на одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“.


Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK