AMD Strela

 

Исчистено речното корито на Луда Мара во Богданци

Исчистено речното корито на Луда Мара во Богданци
Објавено на: 31 Jul 2019

Општина Богданци заврши со машинско чистење на речното корито на Луда Мара во Богданци од земја, трска и друга вегетација.

Во наредниот период ќе се продолжи со чистење на дел од речните корита на Гегова Река, Медурска Река, Љокова Река и речното корито на улица „25 мај“.

ЈП „Комунална Чистота“ Богданци интензивно работи на ставање во работа на колекторскиот систем за град Богданци кој беше наталожен со песок и остатоци од фекална канализација така што детално се прочистува дел по дел за истиот да може целосно да ја извршува својата функција.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK