AMD Strela

 

Апел од „Комуналец“ за рационално користење на водата за време на најавените високи температури

Апел од „Комуналец“ за рационално користење на водата за време на најавените високи температури
Објавено на: 07 Aug 2019

Врз основа на податоците од УХМР и најавените високи температури кои се очекуваат во наредните неколку денови, Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ апелира до граѓаните на Струмица и населените места за рационално користење и употреба на водата исклучиво за санитарни потреби, односно да се избегнува полевање на дворови и перење на површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Со рационалното користење на водата ке се придонесе за стабилност на водоводниот систем и континуирано водоснабдување на сите граѓани.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK