AMD Strela

 

За прв пат во Струмица во организациија на здружението ПРОАГРО ФАРМЕРИ ке се одржи АГРО САЕМ

За прв пат во Струмица во организациија на здружението ПРОАГРО ФАРМЕРИ ке се одржи АГРО САЕМ
Објавено на: 07 Aug 2019
Саемот ќе се одржува два дена и тоа на 30.08 и на 31.08.2019 год. ( петок и сабота ).
Саемот ке биде отворен претпладне  од страна на министерот за земјоделство, високи гости од ЕУ, УНДП, и градоначалникот на Општина Струмица.
Попладне ке биде одржана културно-уметничка програма на традиционални песни и ора од Југоисточна Македонија каде што ке има над 100 учесници и голем број на посетители.
Саемот ке биде одлична можност каде што фармерите ке можат да го претстават автентичниот начин на производството на градинарски производи, храна, вино, мед, додека пак увозниците на механизација ќе ги престават последните технолошки достигнувања во производствениот процес.
Учество на саемот ќе земат фирми во областа на земјоделството и преработувачката индустрија, кои можат да ја искористат оваа одлична можност за промоција на своите производи и поврзување со деловни партнери од сите краеви на Македонија.
Посетителите на штандовите ке имат можност да ги вкусат традиционалните македонски земјоделски производи и храна, но и да се запознаат со можностите за рурален туризам што ги нуди југоисточниот регион, дополнително поситетелите и изложувачите ќе имаат можност за воспоставување на меѓусебни контакти и размена на искуства.

Вториот ден ке бидат организирани  поединечни презентации на фармерите на своите производи и презентации од страна на дилерите на механизација за најновите трендови во земјоделието, додека од страна на општините ќе бидат презентирани нивните можности за рурален туризам.

 На саемот ке бидат презентирани:
1. Промоција на градинарски производи.
2. Промоција на Органски производи.
3. Промоција на нова технологија во земјоделското
производство.

4. Презентирање на земјоделска механизација.
5. Промоција на репроматеријали кој се користат во производството.
6. Презентација на можностите за рурален туризам во Југоисточна Македонија.
7. Презентирање на традиционални песни и ора од Југоистокот.
 Саемот и дел од проектот „Модерно и квалитетно производство кај градинарите во село Банско, село Муртино и село Робово” кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија (ЕУ), спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со свој средства во проектот учествува и Општина Струмица.
Агро Саемот Струмица 2019 е финансиран и од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство од својата програма за организирање на настани за промоција на земјоделските производи.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK