AMD Strela

 

Во пожарот во гаражата во Основниот суд во Струмица изгоре нов автомобил

Во пожарот во гаражата во Основниот суд во Струмица изгоре нов автомобил
Објавено на: 08 Aug 2019

Во пожарот што избувна денес во гаража на Основниот суд во Струмица, која е лоцирана позади судската зграда, целосно изгоре нов автомобил на судот, а уште еден е опожарен паркиран во непосредна близина на гаражата.

Во гаснењето на пожарот учествувале 14 пожарникари и 4 возила на ТППЕ Струмица, а во 16 часот пожарот целосно е изгаснат.

Во гаражата на судот се чувале и запленети предмети од правосилни судски пресуди, а според очевидци имало и запленет пиротехнички материјал.

Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK