AMD Strela

 

Полицијата открила 22 возачи под дејство на алкохол за 5 часови

Полицијата открила 22 возачи под дејство на алкохол за 5 часови
Објавено на: 12 Aug 2019

На 10/11.08.2019 во времето од 23:00 до 05:00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола со цел откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Кај 22 возачи е констатирано дека се под дејство на алкохол и истите се соодветно санкционирани. 

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

На 11.08.2019 година во 11:30 часот во село Сарај е дојдено до нарушување на јавен ред и мир во кој учествувале повеќе лица жители на село Сарај. При нарушувањето со тешки телесни повреди се здобила К.Ѓ (61) од село Сарај. Полициска станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот. 

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

На 11.08.2019 во СВР Струмица е пријавено дека во село Вељуса настанал пожар во кој бил опожарен објект во кој биле сместени деловни простории сопственост на физички лица и една кебапчилница. Од страна на Територијална противпожарна единица Струмица пожарот е локализиран. 

Извор: Соопштение на СВР Струмица

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK