AMD Strela

 

Одбележани 68 години од убиството на петтемина струмички студенти

Одбележани 68 години од убиството на петтемина струмички студенти
Објавено на: 13 Aug 2019

Шеесет и осум годишнината од убиството на петтемина убиени струмички студенти-Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јар,мов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев,  беше одбележана пред споменикот во Малиот градски парк.

За животот и делото на петтемина студенти зборуваше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници, а пред споменикот цвеќе положија членови на нивните семејства, градоначалникот и членови на Советот на општина Струмица, политички партии и здруженија на граѓани.

Петтемина студенти се убиени на 13 август 1951 година на планината Беласица наводно во обид нелегално да ја поминат границата и да побегнат од Македонија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK