AMD Strela

 

Отворен Повеќенаменскиот социјален центар во општина Струмица

Отворен Повеќенаменскиот социјален центар во општина  Струмица
Објавено на: 15 Aug 2019

      Вечерва, градоначалникот Коста Јаневски беше домаќин на промоцијата на  Повеќенаменскиот социјален центар во општина Струмица, а на која присуствуваа и министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, Аамбасадорот на Република Бугарија во нашава земја, Ангел Ангелов и заменик Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски.

Повеќенаменскиот социјален центар,кој е лоциран во поранешната касарна, е реализиран со финансиска помош од Владата на Република Бугарија преку бугарската амбасада, во висина од 138.048 евра, а ќе биде наменет за самостојно делување и реализација на програмските активности на здруженијата од социјалната сфера.

Во изјава за медиумите градоначалникот Јаневски изрази јавна благодарност до Владата и Амбасадата на Република Бугарија за финансиската помош за реализација на овој проект, а ја истакна и намената и очекуваните бенефити од Повеќенаменскиот социјален центар.

-Повеќенаменскиот социјален центар ќе претставува простор за самостојно делување и реализација  на програмските активности и проекти во рамките на целните групи, создавање можности за полесна и побрза интеграција во општеството и социјална инклузивност, создавање можности за меѓусебна вмреженост и делување на здруженијата од социјалната сфера, како и на организации од други општествени сфери. Преку овој Повеќенаменски социјален центар се влијае на зголемување на општата свест на заедницата за помагање на лицата со попреченост, како во струмичкиот регион, така и на национално ниво.

Овој објект кој до пред извесно време беше речиси „руиниран“, со исклучително лоша надворешност и внатрешност, со добар план, организација и труд се претвори во исклучително убаво катче кое допрва ќе ги дава посакуваните резултати од своето делување.     

Плодот на пријателството и соработката е на показ. Се надевам дека таа соработка ќе продолжи и во наредниот период, рече градоначалникот Јаневски.

По отворањето на Центарот, градоначалникот Јаневски и високите гости присуствуваа на настапот на бугарски и македонски музички артисти, во рамките на концертната турнеја „One Love Tour“, кој се одржа во струмичкиот градски парк.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK