AMD Strela

 

Со спортските објекти во Радовиш ќе управува општината

Со спортските објекти во Радовиш ќе управува општината
Објавено на: 16 Aug 2019

Во работна посета на општина Радовиш вчера беше Директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти Шпенди Хајредин и Ѓорги Тасев- посебен советник за млади и спорт во Владата.

 На средбата се разговараше за спроведување на одлуката на Владата, спортските објекти во општините да бидат префрлени под јурисдикција на самите општини.

 Сето ова е во насока на подобрување на функционирањето на спортските објекти, со оваа одлука ќе се реши и долгогодишниот нерешен статус на спортската сала „25 мај“ во Радовиш, каде што спортските клубови и рекреативци ќе имат подобри услови за спортување и одржување на своите тренинзи.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK