AMD Strela

 

Центарот за развој на југоистокот и општина Василево потпишаа договор за реконструкција на дел од патот до браната „Турија“

Центарот за развој на југоистокот и општина Василево потпишаа договор за реконструкција на дел од патот до браната „Турија“
Објавено на: 19 Aug 2019

Во општина Василево од страна на Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев се потпиша договор за заедничка реализација на проектот „Реконструкција на пат од крстосница за с.Добрашинци до брана Турија од КМ 0+0000 до КМ 0+800 во општина Василево“ кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе го имплементира заедно во партнерство со општина Василево.

Овој проект беше избран како приоритетен проект од страна на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на 15 август, минатата година за кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион поднесе Барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од мерка 323, Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини.

Проектот се однесува за реконструкција на патна инфраструктура на дел од патот кој води кон браната Турија, еден од најзначајните туристички локалитети на територија на општина Василево, која покрај тоа што се користи како основен извор за вода на пиење на градот Струмица, се користи и за риболов и рекреација.

Вкупниот износ на проектот е 13.956.620,00 денари, кои од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година се обезбедени 11.822.560,00 денари за реализација на овој Проект, а општина Василево како наш партнер во проектот учествува со сопствени средства во износ од 2.134.060,00 денари.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK