AMD Strela

 

„Комуналец“ го светна центарот по завршувањето на Струмица опен фестивал

„Комуналец“ го светна центарот по завршувањето на Струмица опен фестивал
Објавено на: 20 Aug 2019

По завршувањето на Струмица Опен фестивал и собирањето на 130 метри кубни отпад во последните три вечери од неговото одржување, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска започна со генерално чистење и дезинфицирање на плоштадот „Гоце Делчев“ и околните улици.

Со специјално средство се врши комплетно чистење и дезинфицирање на целата површина.

Инаку и за време на одржувањето на фестивалот, екипи на ЈПКД „Комуналец“ вршеа редовно подигање на отпадот и чистење на местата каде што се одржуваа настаните на осмото издание на Струмица Опен Фестивал.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK