AMD Strela

 

Се поставуваат информативни табли на културно-историски споменици во Струмица

Се поставуваат информативни табли на културно-историски споменици во Струмица
Објавено на: 22 Aug 2019

Здружението за култура и развој на креативни индустрии „Транзен“ од Струмица  од месец јануари до месец септември оваа година го спроведува проектот „Струмица како културно-историска туристичка дестинација“ Проектот се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (RELOAD), финансирана од Европската Унија, а спроведувана од програмата за развој на обединетите нации (УНДП) и се имплементира во соработка во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј - Струмица “.

-Општата цел на проектот е унапредување на континеталниот туризмот во општина Струмица со цел да воспостави социјален, економски и територијален одржлив развој на општината со акцент за развој и унапредување на културниот туризам. Додека конкретни цели на проектот се: Да се поттикне економско зајакнување кај најмалку 50 претставници со рамноправна родова застапеност кај младите, занаетчии и уметници преку нивно активно вклучување во креирање и промоција на културната туристичка понуда на општина Струмица и да се збогати туристичката понуда на општина Струмица преку искористување на културно-историското наследство на општината преку креирање на туристички патеки и соодветна нивна промоција на систематизирана веб апликација и туристички водич, информираат од „Транзен“

Активностите во проектот се насочени кон подобрување на постоечката туристичка понуда и подигнување на квалитетот на промоцијата на туризмот на Општина Струмица со помош на информатичките и комуникациски технологии (ICT), развој на туристички патеки преку пристапни патеки до локалитетите, маркирање и поставување на ифнормативни табли на самите локалитети. Планираме да направиме неколку едукации и тоа за тематски туристички водичи, и едукација на клучните актери во туризмот за користење на дигиталната технологија во промоцијата.

-Со овој проект се обидуваме да го искористиме и ставиме во функција културно-историскиот капитал и да дадеме мал придонес во унапредувањето на локалната економија. Во рамките на проектот изработивме и испечативме туристички водич на англиски јазик каде преку развиените туристички патеки го презентираме културно-историското наследство на потенцијалните туристи во општина Струмица и во тек е изработката на интернет апликација која во себе ќе ги инкорпорира различните настани, развиени туристички патеки направени од стручни лица, туристички атракции, активни занаетчии и галерии на уметници, културни манифестации и фестивали, активности и места за разгледување во градот Струмица и околината од една страна, и да ја збогатиме туристичката понуда на општина Струмица искористувајќи го богатото културно-историското наследство. Во рамките на проектот креиравмедве туристички патеки и тоа: „На патот кон духовната традиција – 1000 години Струмичка епископијасо одбележување на средновековни цркви и археолошки сакрални објекти од среден век на територијата на општина Струмица, и „7000 години цивилизација од праисториска населба до средновековно утврдување – каде е проследен развојот на човечката цивилизација. До археолошките локалитети од двете понудени туристички патеки во следниот месец ќе бидат направени пристапни патеки до локалитетите и маркери. Во тек е поставувањето на 11 информативните табли со историски податоци, датирање и фотографија на локалитетите кои се дел од туристичките патеки.  Таблите ќе се постават на следните локалитети Св.40 Севастиски Маченици и Римска Терма во Бања Банско во с.Банко, Св.15 Тивериополски Маченици во Струмица, Орта Џамија во Струмица, Мачук во Струмица, св.Богородица Елеуса во с.Вељуса, Комплекс Водочки Цркви св.Леонтиј во с.Водоча, Цареви Кули во Струмица, Турска Кула во Струмица, и локалитетот средновековна црква во Струмица, стои во информацијата на „Транзен“.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK