AMD Strela

 

Камион удрил во велосипедист во Муртино

Камион удрил во велосипедист во Муртино
Објавено на: 26 Aug 2019

Вчера во 16.15 часот во село Муртино,  Струмичко, товарно моторно возило „Волво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.А.(52) од с.Дабиле, удрило во велосипед што го управувал малолетник од Муртино.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица. 

Извор:Соопштение на СВР Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK