AMD Strela

 

Отворен Агро-саемот „Струмица 2019“

Отворен Агро-саемот „Струмица 2019“
Објавено на: 30 Aug 2019

Денес на Плоштадот „Гоце Делчев„ е отворен Агро саемот „Струмица 2019“, на кој учествуваат педесет излагачи од земјава и странство.

На отворањето се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, кој истакна дека оваа манифестација е одлична можност за сите земјоделски производители на свој автентичен начин да  го претстават производството на градинарски производи, на вино, мед, традиционална храна, а увозниците на механизација ќе може да ги промовираат последните технолошки достигнувања, кои секако можат да помогнат и да го осовременат процесот на производство на земјоделски култури. 

Агро-саемот го поздрави и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и Сања Бојаниќ, заменик на постојаната претставничка на УНДП.

Организаторот на саемот, Здружението „Проагро фармери“ од Струмица им додели благодарници на најуспешните земјоделци кои применили нови и современи мерки во нивното производство.

 Саемот е дел од проектот „Модерно и квалитетно производство кај градинарите во Банско, Муртино и Робово“, кој се спроведува во рамките на програмата за локална демократија во Западен Балкан, финансиран од ЕУ, спроведувана преку УНДП.

Саемот завршува утре.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK