AMD Strela

 

Полицијата и учениците заеднички во акција за „Безбедно од домот до училиштето“

Полицијата и учениците заеднички во акција за „Безбедно од домот до училиштето“
Објавено на: 03 Sep 2019

Секторот за внатрешни работи Струмица преку Отсекот за превенција во пресрет на почетокот на учебната година како и секоја година така и оваа почна со реализација на проектот “Безбедно од домот до училиштето“,  а оваа година за прв пат  во партнерство со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Струмица отпочнува со реализација и  со проект “Училишни сообраќајни единици“, кои на подрачјето на општина Струмица  се формирани и промовирани на денот на полицијата. Активностите ќе се спроведуваат континуирано во текот на месец септември и октомври, во непосредна близина на основните училишта во време кога првачињата доаѓаат и заминуваат од училиште.

-Активноста ја реализираме во две фази-првата е во текот на месец септември со почетокот на учебната година со почесто присуство на полициски службеници на улиците пред училиштата, каде фреквенцијата е зголемена, а втората фаза ќе ја реализираме во октомври, кога почнуваме со едукативни предавања во училиштата со кои ги запознаваме учениците со сообраќајните правила и прописи и нашата целна група-првачињата како да ја преминуваат улицата и запознавање со основните сообраќајни правила и прописи, рече Хризантема Рендевска,началник на Отсек за превенција при СВР Струмица.

Од страна на учениците вклучени во Училишните собраќајни единици во присуство на нивните наставници по техничко образование и полициски службеници беа делени летоци на возачите и го регулираа сообраќајот пред влезот во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK