AMD Strela

 

Пожарникарите спасија едно лице од пожарот кај село Дражево

Пожарникарите спасија едно лице од пожарот кај село Дражево
Објавено на: 04 Sep 2019

Струмичките пожарникари спасија едно лице од големиот пожар кој избувна околу 13 часот кај селото Дражево. Лицето било без свест и најверојатно се движело на местото на избувнувањето на пожарот. 

Пожарникарите му пружиле прва помош на настраданиот и откако лицето се освестило е однесено на преглед.

Спорд информации од ТППЕ Струмица пожарот кај селото Дражево се шири со голема брзина, а поради опасност да биде зафатен и тамошниот далновод исклучен е од напојување со електрична енергија.

Денеска избувна и пожар на депонијата „Шапкар“ кај селото Добрашинци, каде се одлага сметот од Струмица и Василево. Со интервенција на пожарникарски возила од Струмица и Радовиш, како и на ЈПКД „Комуналец“ пожарот е угаснат.

 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK