AMD Strela

 

Во пожарот кај Дражево изгоре нискотеблеста шума, овоштарници и викендичка, а во Струмица изгоре куќа

Во пожарот кај Дражево изгоре нискотеблеста шума, овоштарници и викендичка, а во Струмица изгоре куќа
Објавено на: 06 Sep 2019

Пожарот кој изминативе два дена го зафати пределот помеѓу селата Дражево и Старо Коњарево синоќа беше целосно локализиран и ликвидиран. Изгореа околу 25 хектари нискостеблеста шума, овоштарници и викендичка. На терен беа 16 пожарникари со 2 ПП возила и 2 теренски возила, информираат од ТППЕ Струмица.

Голема благодарност до Трајко, Лазо ....и останатите жители на С.Коњарево и Дражево кои помогнаа во гасењето на пожарот, стои во објвата на струмичките пожарникари на нивната страница.

Утрово, пак, околу 9 часот изгоре куќа на улица „Јајце“ во Струмица, а зафатен е и покрив од уште една.

Со брза интервенција на струмичките пожарникари пожарот е изгаснат и не е дозволено да се прошири на околните куќи.

Причините за пожарот дополнително ќе се истражуваат.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK