AMD Strela

 

Денес почна бесплатното делење на садови за отпад во Струмица

Денес почна бесплатното делење на садови за отпад во Струмица
Објавено на: 10 Sep 2019

Општина Струмица обезбеди бесплатни 8.500 садови за комунален отпад за индивидуалните домаќинства. Во 15 населени места поделени се 3.000, а од денеска почна распределбата на 5.500 садови на домаќинствата во градот.

-Апелирам до граѓаните за домаќинско однесување со садовите, за да траат подолго и да бидат во служба на подигнување на нивото на комуналната хигиена во градот и населените места. Општината е таа што ќе ги плати овие садови и во рамките на големата кампања „Еко фронт-чиста да ни е“ ќе биде едно подобрување на имиџот на нашиот град, како една средина која дава максимални напори за подобрување на амбиентот, рече градоначалникот Јаневски, кој присуствуваше на делењето на садовите за одлагање отпад.

Распределбата на садовите за комунален отпад е во рамките на кампањата „Еко фронт – Чиста да ни е“ која што ја спроведуваат општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ од март оваа година, а чија цел е создавање на чиста и здрава средина за живот во градот и населените места.

Директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев рече дека за поледен пат се делеле такви садови пред повеќе од дваесет години.

Тој смета дека и свеста кај граѓаните за правилно одлагање на отпадот, ќе биде подигната на едно повисоко ниво и апелираше во новите садови да се става само комуналниот отпад  со што тоа ќе биде еден чекор во понатамошното организирање на собирањето на отпадот со негово селектирање.

Набавката на садовите за собирање отпад чини околу 8 милиони денари.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK