AMD Strela

 

Одбележана 75 годишнината од ослободувањето на Струмица

Одбележана 75 годишнината од ослободувањето на Струмица
Објавено на: 11 Sep 2019

Со пригодна свеченост која што се одржа на Спомен костурницата, денеска, беше одбележана 75-годишнината од ослободувањето на Струмица. За овој убав и голем јубилеј, зборуваше градоначалникот Коста Јаневски.

-Струмица е слободен град со слободни граѓани. Оваа вест не е нова, но секогаш е убава да се слушне, оти ништо на овој свет не е поубаво од слободата. Во името на таа слобода на нашата Струмица, еве сме пак заедно – горди и достоинствени и на овој 11. Септември, затоа што овој ден е вреден за одбележување, вреден за празнување и вреден за потсетување на неговата важност. Тоа го правиме секоја година, но годинава овој датум има посебна вредност бидејќи славиме убав и голем јубилеј – 75 години од првиот струмички слободарски ден, рече градоначалникот Јаневски.

Во чест на паднатите борци беше положено свежо цвеќе, а рецитаторите од домот за деца и млади „Благој Мучето“ одржаа мал митинг на револуционерна поезија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK