AMD Strela

 

Пронајдени 17 мигранти на влезот кај Струмица од Валандово

Пронајдени 17 мигранти на влезот кај Струмица од Валандово
Објавено на: 27 Sep 2019

Вчера полициски службеници од СВР Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Исток, на регионалниот пат Валандово - Струмица, на влезот во Струмица, кај месноста „Куклишка раскрсница“, запреле патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(29) од село Никуштак, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(21) од Скопје и патничко возило „ауди А6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. Х.(25) од Скопје. При преглед во возилата биле пронајдени 17 лица мигранти од Бангладеш.

Возачите и мигрантите биле приведени во СВР Струмица за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK