AMD Strela

 

Со сто илјади долари од САД ќе се заштитува манастирот „Света Богородица Елеуса“

Со сто илјади долари од САД ќе се заштитува манастирот „Света Богородица Елеуса“
Објавено на: 27 Sep 2019

Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз и министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска, го потпишаа Договорот за користење на грантот со кој ќе се ревитализира и конзервира манастирот „Света Богородица Елеуса“ во населеното место Вељуса во наредните две години.

Грантот е во висина од сто илјади долари обезбеден од постојаната програма на Стејт Департментот на САД, познат како Амбасадорски фонд за културна заштита и со овие средства треба да се изврши реставрација и зачувување на црквата и нејзините фрески.

-Овој извонреден споменик е потврда за богатата и трајна историја на Северна Македонија. Црквата „Света Богородица Елеуса“ стои овде повеќе од илјади години, а некои од фреските датираат од пред осум века. Замислете ги илјадниците посетители кои поминале низ овие простории за да искажат восхит и биле трогнати од овие цртежи. Верници, свештеници, аџии, кралски семејства, туристи и обични граѓани нашле утеха и инсипирација во овие уметнички дела во изминатите осум века, рече амбасадорката Кејт Мари Брнз во своето обраќање.

Гостите ги поздрави викарниот епископ отец Јаков од Струмичката епархија на МПЦ-ОА и директорот на Завод и Музеј Струмица, Ацо Манински, институција која го подготви проектот за комплетно ревитализирање и конзервирање на црквата.

На потпишувањето на договорот присуствуваа и градоначалниците на Струмица, Коста Јаневски и на Ново Село, Никола Андонов.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK