AMD Strela

 

Спортските риболовци Полизовски и Христоманов го „испразнија“ Дојранското езеро со улов на сом од 50 килограми

Спортските риболовци Полизовски и Христоманов го „испразнија“ Дојранското езеро со улов на сом од 50 килограми
Објавено на: 30 Sep 2019

Спотските риболовци од Струмица Никола Полизовски и Александар Христоманов вчера го „испразнија“ Дојранското Езеро со улов на сом тежок точно 50 килограми.

Капиталецот го уловиле вчера околу 17 часот на техника „бучка“ и со мамец жива риба, односно како што велат „мајсторите“ во судиското продолжение“, пред излегување од езерото.

Сомот го влечел Христоманов дваесетина минути, а Полизовски го прифатил во чамецот и зеднички го извадиле на безбедно.

Според информации и од други спортски риболовци, изминативе денови сомот е активен на Дојранско и се уловени примероци тешки по десет и повеќе килограми.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK