AMD Strela

 

Делови од искасапен коњ ја запреа работата на Пречистителната станица

Делови од искасапен коњ ја запреа работата на Пречистителната станица
Објавено на: 02 Oct 2019

Деновиве во  Пречистителната Станица за Отпадни Води се случи несекојдневна ситуација која предизвика огромни проблеми, материјални трошкови и краток застој во работата. Поточно на влезната груба решетка беа застанати остатоци од искасапен коњ.

Единствен начин да дојдат овие остатоци до Пречистителната Станица за Отпадни Води  е преку канализациониот систем од фекалната канализација на градот Струмица. Тоа значи дека некој намерно и неодговорно го отворил капакот на канализационата шахта го искасапил животното и остатоците ги фрлил  во канилизациониот систем, информираат од ЈПКД „Комуналец“.

Дефектот се санира, а Пречистителната  Станица за Отпадни Води покрај сите проблеми нормално ја извршува својата функција, а целиот овој немил настан е пријавен  до комуналниот инспектор на општина Струмица. 

Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните за совесно и поодговорно однесување, посебно во делот на користење на канализационата мрежа.

Извор: Соопштение на ЈПКД „Комуналец“ Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK