AMD Strela

 

Инфо-ден за заеднички македонско-грчки проект за заштита од елементарни непогоди

Инфо-ден за заеднички македонско-грчки проект за заштита од елементарни непогоди
Објавено на: 08 Oct 2019

Денес во хотел „Сириус“ во Струмица, во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа првиот Инфо-ден за промоција на проектот „Интергриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP“,ко-финансиран од Европска Унија и Националните Фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција - Република Северна Македонија 2014-2020.

 На настанот присуствуваа претставници на Општините,Црвен крст, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Противпожарните единици, Итна медицинска помош и други заинтересирани страни.

Главна активност на проектот е дизајнирање и изработка на контенјер, опремен со најсовремена опрема за комуникација.

-Овој контејнер ќе биде наречен Центар за контрола, команда, компјутер и комуникација и ќе овозможи подобрување на квалитетот на јавната администрација и други служби во управување со елементарни непогоди и други кризи во прекуграничниот регион. Во услови на кризи кога сите телекомуникациски, интернет и радио врски ќе бидат прекинати, овој контејнер ќе нуди поддршка со својата опрема која ќе биде вградена во него, рече Данче Поп-Иванова Илиева, од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Во рамките на проектот планирани се два инфо настани за време на кои пошироката јавност ќе биде запознаена со активностите и резултатите од проектот.

 Исто така ќе бидат изработени промотивни постери кои се планирани да бидат дистрибуирани до училиштата и јавните згради во регионот, а самите постери ќе вклучуваат инструкции за тоа како ќе се реагира во услови на елементарни непогоди и различни видови на катастрофи.

При самиот крај на проектот планирани се пилот акции една во Серес (Грција) и една во Струмица на која ќе бидат претставени и тестирани контејнерите како и нивната поврзаност помеѓу двата региони пред сите засегнати страни.

Вкупниот буџет на проектот е 905.553,30 евра, а времетраење на проектот  е до јули 2020 година.

Партнери на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во имплементацијата на проектот се Меѓународниот Грчки Универзитет-Грција, министерство за внатрешни работи, Сектор Македонија-Тракија, Грчки Спасувачки Тим од Солун, Грција и Центарот за управување со кризи на  Република Северна Македонија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK