AMD Strela

 

Почна судењето за убиството на Ристо Илашев, чие тело беше пронајдено во браната „Турија“

Почна судењето за убиството на Ристо Илашев, чие тело беше пронајдено во браната „Турија“
Објавено на: 20 Nov 2019

Денес во Основниот суд во Струмица почна судењето за убиството на педесет и осум годишниот Ристо Иљашев, за чие убиство е обвинет педесет и четири годишниот Марјанчо Велев од селото Добрејци.

Според обвинението Велев го убил Иљашев на 7 мај годинав со огнено оружје пукајќи му од зад граб од непосредна близина во главата и потоа неговото тело го затворил во метално буре и го фрлил во браната „Турија“.

На почетокот на судењето обвинетиот Велев се изјасни деке не се чувствува виновен, а неговата одбрана рече дека тој не е виновен, бидејќи доказите на обвинителството се контрадикторни и спротивни.

На првото рочиште сведочеа најблиските на убиениот Иљашев, неговата сопруга, синот и двајцата браќа. Тие сведочеа како дознале за исчезнувањето на нивниот сопруг, татко и брат, а уште истата вечер на 7 мај пријавиле во полиција дека е исчезнат, бидејќи вечерта не се вратил дома за да ја прими секојдневната терапија. Рекоа дека долгo време се познаваат со обвинетот Марјанчо Велев и дека се уште не можат да поверуваат во тоа што се случи.

Судењето продолжува на 22 овој месец.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK