AMD Strela

 

Полицијата пронајде 33 мигранти кај селото Свидовица

Полицијата пронајде 33 мигранти кај селото Свидовица
Објавено на: 21 Nov 2019

Вчера околу 20.30 часот, полициски службеници од Полициска станица Струмица во координација со Регионален центар за гранични работи Исток, во атар на село Свидовица, Струмичко, пронашле 33 мигранти, од кои 21 државјани на Авганистан, седум на Пакистан, три од Иран и двајца од Ирак, соопштија денес од СВР-Струмица.

Мигрантите се предадени во Транзитен прифатен центар Гевгелија за понатамошна постапка.

Фото:Архива

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK