AMD Strela

 

Промовиран „Повеќенаменскиот социјален центар во општина Струмица“

Промовиран „Повеќенаменскиот социјален центар во општина Струмица“
Објавено на: 22 Nov 2019

Денеска се промовираа резултатите од реализацијата на проектот „Повеќенаменски социјален центар во општина Струмица“, проект кој е од исклучително значење за сите ранливи категории на граѓани.

Целта на овој проектот е создавање механизми за институционална соработка помеѓу Општина Струмица и граѓанскиот сектор од социјалната сфера, како и социјална инклузија на граѓаните од ранливата категорија. Тука спаѓаат организации кои опфаќаат лица со оштетен вид, со оштетен слух, со пречки во гласот, говорот и јазикот, телесно инвалидизирани лица, лица со интелектуална попреченост, аутистични лица и со други видови пречки.

Проектот е реализиран со донаторска помош од Владата на Република Бугарија, преку Среднорочната програма за развој и хуманитарна помош (2016-2019), а вредноста на донацијата изнесува 138 илјади евра. Имплементатор на проектот е Општина Струмица преку Одделението за меѓународна соработка и европски фондови.
Покрај претставниците на здруженијата, на промоцијата присуствуваа и генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Димитар Иванов, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, пратеничката Катерина Кузмановска и членови на Советот на општина Струмица.


Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK