AMD Strela

 

Кривична пријава за полицаец кој превезувал мигранти

Кривична пријава за полицаец кој превезувал мигранти
Објавено на: 24 Nov 2019

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје, поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.Д. (29) од Струмица,поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело   “Злоупотреба на службена положба и овластување “, соопштија денес од струмичката полиција.

На 21 овој месец пријавениот превезувал лица-мигранти од Сирија со патничко моторно возило „алфа ромео“ и им изнудил парични средства за транспортот, при што од едно од нив зел две банкноти од по педесет евра, велејќи им дека истите нема да ги превезува и дека ќе ги симне од возилото додека не му дадат пари.

При транспортот на мигрантите, пријавениот бил запрен од полициски службеници  од СВР Струмица, при што мигрантите и пријавениот биле зафатени во претходно договорена акција за сузбивање на криумчарење на мигранти. Мигрантите биле пренесени во прифатниот транзитен центар “Винојуг“ Гевгелија каде истите пријавиле дека пријавениот им изнудил парични средства во висина од 100 евра. 

На предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје на пријавениот му е одредена мерка притвор.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK